Голем пожар избувна во северозападниот јапонски град Итоигава. Огнот зафатил над 140 куќи и други објекти, јави ТАСС.
Локалната полиција извести дека од реонот се евакуирани околу 600 лица од 270 живеалишта.
Засега нема податоци за жртви, а две лица се во болница поради чадот предизвикан од пожарот.
Огнот избувнал во 10.30 часот по локално време од кинески ресторан и набрзина ги зафатил околните згради.
Причината за пожарот се уште е непозната.
На местото се испратени 17 пожарникарски возила, но работата на пожарникарите се отежнува поради силниот ветер.