ФОТО+ВИДЕО: Гори луксузен хотел во Белград


Пожар избувнал попладнево во хотелот „Метропол“ во Белград. Српските медиуми јавуваат дека чад излегува од зградата, а пожарот избувнал во помалата зграда од хотелот. Сепак, сите гости и вработени се евакуирани.

Протипожарните екипи се на терен,а улицата околу хотелот е целосно блокирана.pozar-hotel-belgrad

Од српската полиција изјавиле дека избил „помал пожар во партерот“.

Хотелот гореше и во 2002 година

Хотелот „Метропол“ горел и во 2002 година, а тој пожар се смета за еден од најголемите и најопасните кога во прашање се хотелските објекти во Србија.

Пожарот тогаш избувнал на 9-тиот кат од објектот, кровот целосно изгорел, а само благодарение на брзата евакуација немало повредени лица.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1