Невреме, попратено со обилен дожд и грмотевици, ја погоди Истра, а во Умаг паѓаше и град. Силното невреме предизвика хаос и на улиците на Сплит и Трогир, пренесува „Јутарни лист“.Во Умаг синоќа паднале 51 литар дожд на метар квадратен, а во Пореч 40 литри, а големи количества дожд паднале и во централна Истра.
Тоа подрачје е под висок степен на предупредување. Трогир е под вода, додека во Сплит е парализиран сообраќајот.