Поголемиот дел од луѓето кои боледуваат од синдромот Прогерија умираат на 14 години, но Ана ја живее 18-тата, па токму тој е поводот за организирање на голема прослава.
Ана Рошел Пондер од Филипини го прослави својот 18 роденден. Веројатно се прашувате како е можно тоа, бидејќи таа изгледа многу старо, меѓутоа Ана боледува од ретко генетско пореметување.
Нејзиното тело старее десет пати повеќе од нормалното, а лекарите проценија дека сега изгледа како да има 144 години. Таа е еден редок пример за личност која се уште успева да функционира во најдобар ред.
Инаку, таа е една од 80-те деца кои боледуваат од синдромот Прогериа.