Покрај тоа што е најмоќната жена во светската политика, германската канцеларка Ангела Меркел знае да покаже дека е опуштена и забавна. Минатата ноќ направи пауза од Самитот Г20, ги посети локалните пабови, направи неколку селфи фотографии и се поздрави со локалните граѓани.
Луѓето срдечно ја дочекаа пред еден паб кога видоа дека таа пристигнува. Бризбејн важи за град кој е познат по добрата ноќна забава, па Меркел сакаше и лично да се увери во тоа.
-Беше супер. Кога ја видовме, почнавме да викаме по неа, а таа ја пемна улицата и дојде до пабот, се ракуваше и фотографираше со нас, напишала на Фејсбук една од присутните девојки.