Фото+ Видео: Венчавка која чинела само една фунта!


Оваа двојка е доказ дека венчавката од соништата не треба да чини богатство.

vencavka-630x453Џорџна Портеос и Сид Инес потрошле само една фунта на нивната венчавка. Фунтата ја потрошиле за веќе износената венчаницата на Џорџина.

Пријателите ги замолиле секој сам да си донесе храна и пијалак, инаку просечна венчавка во Велика Британија чини 20 илјади фунти.

Џорџина и Сид органзирале венчавка од соншната со рачно изработени прстени од слонова коска, торта, па дури и фотограф кој ќе ги фотографира.

Приемот на гостите го организирале со пикник, џез музика и танцување на романтични песни, сето ова со неверојатно мал буџет.

vencavka1-630x401Џорџина за својата венчавка вели:

-Не ја гледам поентата на тие масивни венчавки. Со нив се губи смислата на венчавката. Денот е предвиден да стапиш во брак со личноста која ја сакаш, да станете сопруг и сопруга. Не сакавме  и не ни беше потребна огромна и луксузна свадба.

Младоженецот за оваа прилика носел неколку години стар костум, свадбената торта ја направла тетката на невестата, за џез музката бил одговорен таткото на невестата, фотографот сликал за возврат невестата да работи за него како монтажер. Локацијата била зад нивната куќа во семејниот двор.


Denesen

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1