Владимир Путин е уапсен во САД! Го уапсила полиција на Вест палм, Флорида. Полицијата го уапсила заради малтретирање на работници во еден супермаркет. Дури и се противел на апсењето, соопштува локалната полиција.
Но, уапсениот е американски граѓанин, воопшто не е и ниту наликува на рускиот претседател.
Не е невообичаено во САД луѓето да ги менуваат имињата ниту да имаат лажни лични карти со имиња на познати личности. Сепак, заради ова името на уапсениот, веста стана хит на социјалните мрежи.