ФОТО: Вооружен грабеж на возило полно со пари во Велес


razbojnistvo-kola14549377411454937119_thumb_medium490_0

foto – duma.mk

Две непознати лица на улицата „Алексо Демниевски“ во близина на Спортската сала „Гемиџии“ во Велес со закана со оружје извршиле разбојништво над вработени во „Перпетум Мобиле“ кои со патнички автомобил вршеле достава на парични средства, информираа денеска од СВР Велес.

razbojnistvo-kombe145493799614549379071454937864145493781214549377411454937119_thumb_medium490_0

foto – duma.mk

Едниот од нив му вперил пиштол на возачот а другиот го скршил задното стакло на возилото од каде ги извлекок парите сместени во кутии. Потоа разбојниците се дале во бегство трчајки преку платото на спортската сала „Гемиџии“ и паркот . Таму имало паркирано возило комбе со кое имале намера да избегаат по патот пред зградата на ЈКП „Дервен“ кон патот за Скопје преку Башино село.

Присебноста на возачот и совозачот на ограбената кола кои почнале да ги бркаат арамиите како и на повеќемина граѓани очевидци кои веднаш пријавиле во полиција се пресудни за спречувањето на грабежот. Брзата интервенција на полицијата не дозволила разбојниците да избегаат. Сардисани од повеќе страни во централниот градски парк во Велес тие се обиделе да се скријат во напуштена куќа веднаш под градскиот базен. Таму ги пронашле полицајците како во подрумот биле легнати на земја и едвај дишеле.

foto - duma.mk

foto – duma.mk

Полицијата интервенираше, ги извади надвор од куќата а подоцна ги најаде и парите сокриени во подрумот. Еден од разбојниците беше веднаш однесен на распит во полициска станица додека другиот седеше во полициското возило се додека полицијата не ги пронајде парите.

Во паркот стоеше и возило комбе со зелена боја со кое разбојниците планирале да избегаат.

Вооружениот грабеж се случи среде бел ден на најфрекфентната улица во Велес и во време кога во градскиот парк рекреираат десетици граѓани

Duma.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1