ФОТО: Возило заврши во река во Прилеп, има повредени


По судир на две возила, еден автомобил заврши во река во сообраќајната незгода што синоќа се случила на мостот кај старата автобуска станица во центарот на Прилеп.

ФОТО: 10без10

ФОТО: 10без10

Од СВР Битола за „Република“ велат дека извршен е полициски увид, но деталите за несреќата се најавени за подоцна.

Она што е познато е дека жртви нема, но неколку лица завршиле со телесни повреди.

Според прилепскиот портал „10без10“ до сообраќајката дошло при директен судир на две возила „БМВ“ и „фолсваген“, едното возило излетало и завршило во речното корито, а другото е целосно уништено.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1