За разлика од Осама Бин Ладен кој многу често можеше да се види на различи видео снимки каде повикуваше на напади против Западот, лидерот на ИД Абу Бакар ал-Багдади не се појавува често во јавноста, а виден е само минатата година кога ИД прогласи калифа на територијата на Ирак и Сирија.
Тој е „недопирлив“ а поради тоа и неговата „глава“ има висока цена. Оној кој може да обезбеди било каква информација за лидерот на ИД, му се нуди награда од 10 милиони долари, пишува српски Телеграф.
Американскиот Стејт депртмент во мај одреди 20 милиони долари за оној кој ќе го фати лидерот на ИД, а американскиот државен секретар одобрил награда од 7 милиони долари за било каква информација за Абду ал-Рахману ал-Кадули, 5 милиони за Абу Мохамед ал-Аднани и Таркан Тајумуразоваќ Бартрашвили и 3 милиони за Тарик Бин ал-Тахирија.
Абу Бакир ал-Багдади-Награда: 10 милиони долари
Абу Ал-Рахман Мустафа ал-Кадули-Награда: 7 милиони долари
Абу Мухамед ел-Аднани-Награда: 5 милиони долари
Таркан Тајумуразовиќ Батришвили-Награда: 5 милиони долари
Тарик Бин ал-Тахир Бин ал-Фалих ал-Авани ал-Харизи-Награда: 3 милиони долари