Марко Трајковиќ е синот на кумановчанецот Марјан Трајковиќ кој пред два дена загина во страотната хеликоптерска несреќа која се случи кај Струмица, пишува Think.mk.
Марко, пишуваат локалните медиуми во моментов ги завршува студиите на Факултетот за драмски уметности.
Марјан Трајковиќ е еден од четворицата загинати во хеликоптерската несреќа која ја зави Македонија во црно.
Тој бил роден во 1967 година и долги години бил припадник на граничната полиција и пилот-капетан.