Пред Собранието денеска е мирно, но со зголемено присуство на полициски службеници.
Околу собраниската зграда се поставени метални барикади, а улиците се затворени за сообраќај. Пред главниот влез на собраниската зграда се поставени шатори на поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија“.
Во инцидентите што се случија синоќа откако група граѓани влегоа во Собранието по постапката што ја спроведоа СДСМ и албанските партии за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, како што информира МВР, се повредени 109 лица.