ФОТО: Жена се обиде да пренесе мигрант во куфер


Шпанската полиција уапси Мароканка која се обиде да пренесе 19-годишен мигрант од Габон преку границата во својот куфер, пренесоа светските агенции.

Мигрантот имал среќа дека е откриен навреме, бидејќи имал итна потреба од медицинска помош поради недостиг на воздух.kufer-640x379

22-годишната мароканка влегла во видното поле на силите на редот во Сеута – мала шпанска територија во Африка, која граничи со Мароко, дополнуваат агенциите.

Сеута многу често се користи од страна на мигрантите од Африка како место во кое може да навлезат во Европа. Таму се наоѓа и единствената копнена граница на ЕУ со африканска држава. Во неа е подигната двојна мрежа со височина од околу 6 метри, која по ризикот за својот живот, мигрантите се обидуваат да ја надминат.

Неодамна при организиран масовен напад на мигранти беа повредени марокански полицајци, еден од нив го изгуби окото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1