Жената која беше избодена 32 пати од страна на бившото момче пред пет години се омажи за човекот кој и го спаси животот.
Кога Мелиса Дом Хил беше избодена 32 пати од страна на нејзиното бившо момче во 2012 година, Камерон Хил беше докторот од Итната медицинска помош кој го носеше нејзиното крваво тело од амбулантското возилото кон хеликоптер за да и го спаси животот.
По скоро две години откако тие се верени, парот конечно ја круниса нивната врска со брак.
Мелиса Дом изјави дека со Камерон ги поминала најлошите и најдобрите денови.На двајцата сега веќе брачни другари им требале 10 месеци откако се случил инцидентот за да ги разменат броевите. Тие случајно се сретнале во црква, во која Мелиса давала говор за семејно насилство.
Набрзо потоа тие излегле и на првиот состанок, а Мелина изјави дека уште тогаш знаела оти тој е човекот со кого сака да го продолжи животот.