ФОТО: Жената која не се насмеала 41 година – еве зошто!


Тес Кристијан има 51 година и не се насмеала ниту еднаш од својата 10 годишна возраст. Причината е просто неверојатна!

Како 10 годишно дете Тес донела цврста одлука никогаш повеќе да не се насмее за да не и се направат брчки!smee-2

– Немам брчки и самата себе се тренирав да ги контролирам фацијалните мускули. Сите прашуваат дали сум вбризгувала ботокс, но не сум го правела тоа и знам дека тоа е благодарение на фактот дека не сум се смеела ни насмевнувала од времето кога бев тинејџерка. Мојата посевтеност се исплати, немам ниту една брчка на лицето. Да, суетна сум и сакам да изгледам младо. Мојата стратегија е поприродна од ботоксот и поефективна од која било скапа крема или третман. Не сум несреќна. Го сакам животот. Само немам потреба тоа да го покажувам шетајќи наоколу со насмевка на лицето. Не се насмеав ни кога ја родив ќерката – вели Тес.

Tess (aged 43yrs) ( R ) with her daughter Stevie (aged 16yrs) (L) in Bistrotheque

Тес вели дека идејата не и дошла „од ведро небо“. Навиката да го потиснува смеењето и се создала во строгото католичко улчилиште кое го посетувала.

– Калуѓерките не сакаа кога децата се смеат. Постојано ни велеа – избриши ја таа насмевка од лицето. Така наместо да се смеат, презриво се насмевнував – вели Тес.

– Кога пораснав се навикнав на тој израз на лицето. Идол ми беше Марлен Дитрих. Таа никогаш не се смееше и беше гламурозна.

Пријателите ја нарекувале Мона Лиза.

Дерматологот Ник Лов вели дека воздржувањето од смеење може да биде делотворна техника против стареењето, но „тешко е да се држите до тоа, да не зборувам дека ќе му се здосадите на партнерот и ќе ги збунувате своите деца“.
Психологот Аманда Хилс пак вели дека смеењето е клучно за менталното здравје.

– Кога се смеете лачите ендорфин, кој е познат како хормон на среќата, од кој се чувствувате добро. Што повеќе се смеете се чувствувате посреќно а отсуството на смеење има спротивен ефект. Мирното лице без емоции нема да му дозволи на мозокот да го добие сигналот дека сте среќни. И со самото тоа што насмевката ги привлекува луѓето, они кои изгледаат несреќно ги одбиваат, поради што веројатно ќе бидете незадоволни, дури и ако всушност сте среќни – вели таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1