Јулска жега од претходните денови ги измами змиите.
Така оваа змија долга 2,5 метри е фатена во атарот на кратовското село Филиповци.
Мештаните велат дека не е опасна бидејќи во прашање е смок, но во секој случај неговата импознатна големина предизвикува страв кај секој кој би налетал на него.
Од четврток се најавува нов топлотен бран, па внимавајте каде газите, зошто во Македонија живеат најмалку три видови на отровници.