Еден починат и тројца тешко повредени е црниот биланс од сообраќајната несреќа која се случи утринава на патот Штип-Кочани. Несреќата се случила околу 8.30 минути кога на свиокот помеѓу селата Долни Балван и Крупиште се судриле „матис” и пикап „рено”. Во „матисот” се возеле тројца инструктори за полагање на возачки испит. Заедно со возачот на другото возило веднаш се хоспитализирани во Клиничката болница во Штип. За жал,едниот инструктор им подлегнал на повредите.
Инаку овој свиок на патот Штип-Кочани е една од најопасните црни точки во источниот дел од државата.