Фотографија која ја кине душата: Дете живее на улица, а сè што има дели со кучето!


Српските медиуми објавија вест за детенце од Сремска Митровица која буквално го разнежува секое срце и притоа не тера да се прашаме каде оди човештвото.

dete_kuce1– Пред еден маркет од пред два дена забележав како на ова студено време на ладниот бетон седи дете бескуќник на парче картон. Облечено во стара искината јакна, а во скутот му седи куче со кое меѓусебно се обидува да се згрее. Потоа ме изненади сцената кога гладното дете од џебот извади банана, половината ја изеде, а другата половина ја даде на својот четириножен пријател. Ова момче ја подели едната банана која ја имаше кај себе.

Што друго да кажам? Емпатијата се учи од децата, ние возрасните знаеме само да присвојуваме… Радост е давање и делење, тоа е она што го насмејува срцето, што го разорува каменот во душата, изјави авторката на фотографијата.

Девојката која присуствувала на оваа сцена изјавила дека момчето има и брат со кој живее на улица и дека планира повторно да ги посети.

После ваква приказна не ни преостанува ништо освен да се запрашаме колку сме подготвени да делиме и да им помагаме на останатите. Не заборавајте дека насмевката и љубовта се бесплатни и дека секогаш можеме да ги споделиме со некој драг, но и со некој непознат, на кој ќе му го разубавиме денот.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1