Француската Влада ги зајакнува мерките за борба против Ковид-19


Француската Влада ќе донесе нови обврзувачки мерки за борба против Ковид-19, но е внимателна за да не ги паничи Французите.

– Има чувство на загриженост, ние не сме тука за да ги исплашиме луѓето, но мора да ја споделиме реалноста. Во цела Европа има продолжување на епидемијата. Нема што да се паничиме, ние не се враќаме на ситуацијата во април, но, и покрај сè, имавме илјада случаи на ден пред неколку недели, сега сме на 3.000 ( …) Се случува нешто, изјави премиерот Жан Кастекс во интервју за Франс Интер.

За да можат да „живеат со вирусот“, тој ги повика Французите да „преземат одговорност“.

– Најлошо од сè е што тонеме, затоа што не ја продолжуваме активноста, во економска и социјална криза која – Французите тоа го чувствуваат добро – што е многу поопасно од санитарната криза, предупреди Кастекс.

Свесни за штетата предизвикана од генерализираното ограничување, Владата сака по секоја цена да избегне да ја стави земјата повторно под изолација. Затоа Кастекс порача Французите да се вратат на работа, на училиште, но и да го откријат социјалниот и културниот живот, „додека се штитат“.

Министерот за образование, Жан-Мишел Бланаке, од своја страна го појасни здравствениот протокол за почеток на учебната година. Сите ќе треба да ја носат маската на училиште.

Од вторникот вечер, носењето маска е задолжително во Марсеј, а баровите и рестораните работат до 23 часот.

-Планираме да ги територијализираме мерките што е можно повеќе. Ако истите правила се применуваат насекаде, додека циркулацијата на вирусот варира според териториите, како можеме да очекуваме Французите да ги сметаат за легитимни, рече Габриел Атал, портпарол на Владата.

Истиот вид мерки може да се донесат до крајот на неделава во Париз, каде што вирусот активно циркулира. Градското собрание и префектурата разговараат за тоа дали да се заострат правилата. Досега, обврската за носење маска е ограничена во одредени области на главниот град.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1