Французи ќе вградува микрочипови во мозокот – за здравје


 

Француска лабораторија од Гренобл – Clinatec, го подготвува првото испитување на вградување микрочипови во човековиот мозок за тераписки цели.

според научниците оваа метода ќе им помогне на пациентите заболени од Паркинсова болест повеќе да не треперат, но и повторно да се врати расположението на депресивните лица.

испитувањето ќе се врши на пациент-доброволец, а ќе функционира така што кога ќе посака да оди неговиот мозок ќе испрати бранови кои укажуваат на неговата желба, тогаш чипот ја преведува пораката и ја испраќа до роботизирани екстремитети, кој ќе ја добијат командата и ќе се придвижат.

многумина сметаат дека таква споеност на човекот и машината не е добра, а одредени научници сметаат дека ова е на мала врата воведување на контрола и обид за испитување во таа насока.

Сепак од лабараторијата велат дека ова ќе е насочено само на оние пациенти за кои навистина не постои друг метод да проодат и да ги извршуваат секојдневните обврски сами без нечија помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1