Непознат сторител, денес во 10:50 во Бања Лука фрлил рачна бомба во автобус на „Автопревоз“ и побегнал во непознат правец. Во експлозијата загинал возачот на автобусот, а патниците и луѓето кои чекале на автобуската станица не се повредени, пренесуваат медиумите.
Експлозијата ги оштетила околните објекти и автомобили.
Очевидците изјавиле дека кога автобусот застанал на постојката, млад човек кој бил облечен во црно се приближил до автобусот и ја фрлил бомбата, додека во автобусот имало околу 30 патници.
-Се се случуваше многу брзо, слушнав удар а потоа врисоци, изјавил еден од патниците во автобусот.
Истрагата за инцидентот е во тек.