Фрлена е бомба на куќата на Веселин Јевросимовиќ, претседател на компанијата „Комтрејд Груп“ и сопственик на македонската телевизија Алфа. Како што дознава српскиот весник Блиц, бомбата е фрлена утрото околу пет часот, во дворот на куќата.
Едната бомба паднала на терасата, додека другата во дворот на куќата. Експлозијата ја оштетила фасадата и прозорците на куќата, но за среќа никој не е повреден. Во моментот на експлозијата, во куќата биле сопругата и детето на бизнисменот.
– Во куќата во тоа време беше мојата дванаесетгодишна ќерка, но за среќа, никој не е повреден. Никој никогаш не ми се заканувал и не знам што би можело да биде мотив за нападот. Ние не сме компанија која се занимава со криминал, ниту имаме било каква врска со криминалот. Се плашам дека е ова напад на слободата на медиумите – изјавил Јевросимовиќ за Alo.rs.
Тој исто така изјавил дека спред негови информации веќе има приведени. Јевросимовиќ е инаку главен и одговорен уредник на српскиот протал Telegraf.rs.
Денешен