Силна експлозија во парламентот во авганистанската престолнина Кабул, додека заседавале пратениците за избор на нов министер за одбрана.
Потоа имало и престрелка во која загинале 19 цивили, вклучувајќи две жени и две деца. Авганистанските власти објавиле дека во нападот биле убиени сите седум екстремисти одговорни за терористичкиот акт.
На интернет се појави и снимка од парламентот непосредно пред и за време на експлозијата. Во моментот на пратениците им се обраќал претседателот на парламентот Абдул Рауф Ибрахим, тој сепак успеал да остане смирен и да им се обрати на пратениците да ја евакуираат салата, додека него обезбедувањето го извело од зградата.
Погледнете како сето тоа изгледало: