Фудбалски тренинг – центар на 32.000m2 ќе се гради во Хиподром


Општина Гази Баба распиша повик за доделување договор за воспоставување на јавно – приватно партнерство за изградба на нов фудбалски тренинг – центар во скопската населба Хиподром, на локација непосредно до спортско – рекреативниот центар „Хиподром“.fudbal

Идниот концесионер во проектот ќе треба да инвестира 161.567.796 денари, односно над 2,6 милиони евра без вклучен ДДВ. За возврат на вложениот капитал, ќе може да управува со спортскиот објект најмногу 35 години. Фудбалскиот тренинг – центар ќе се протега на површина од околу 32.000 метри квадратни, во чиј состав е предвидено да има две игралишта и мултифункционален објект со разни содржини.

Економски најповолната понуда е главен критериум за доделување на договорот за јавно – приватно партнерство. Со 80 бодови ќе се вреднува вредноста на инвестицијата во доставените понуди, додека на инвеститорите ќе им се доделат 20 бодови за планираната бруто изградена површина на идниот комплекс. Понудите од приватните компании треба да се достават најдоцна 18 јуни, за кога е најавено и нивното јавно отворање.

Build.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1