Гадафи и Садам се мртви, а како Асад е тука и се одржа на власт?


Сириската граѓанска војна резултирала со милиони раселени и илјадници мртви, меѓутоа претседателот Башар Ал Асад сè уште е жив и здрав во престолнината Дамаск – еве и како.sirija vojska asad

1. Моќни сојузници

И покрај успешните офанзиви на режимските сили поддржани од воздушните удари, Башар ал Асад сè уште не контролира повеќе од 50 проценти од територијата. Од одбраната на територијата која ја држи под контрола, на сирискиот претседател веројатно му зависи и самиот живот. Додека добива поддршка од странство, посебно од Русија, Асад има надеж за опстанок.

Покрај Русија, Иран е загрижен дека Сирија ќе падне во рацете на бунтовниците кои ги поддржува Саудиска Арабија, поради што Техеран на Асад му позајмил милијарда долари за да може да набави работи неопходни за опстанок на режимот. Покрај тоа, Иран смета дека по смирувањето на ситуацијата во Сирија, ќе пронајде сигурен увозник и транзит за нафтата која планира да ја пласира на светскиот пазар.asad so zenata

2. Помало зло

Русите и Иранците не се единствени кои го поддржуваат Асад. Всушност, тој се наметнува како помало од две зла, а бидејќи Западот не сака уште еден вакуум на моќ на Блискиот исток, умерениот пристап за политичко решение на сириската криза е сè поприсутен. Иако Западот го смета Асад за суров деспот, тој барем е познат играч и подобар избор од Исламската држава, која доколку се прошири во Сирија би имала добра основа сериозно да го загрози целиот све

3. Општа катастрофа

Стотици илјади Сиријци ги загубиле своите животи, а милиони се раселени. Дури и доколку војната утре заврши, Сириската економија е преполовена, а валутата изгубила 80 проценти од својата вредност. Човечката цена е толку голема што кога на неа ќе се додаде и економската, станува неважно дали Асад ќе остане или ќе си замине.asad familija

4. Неуспех на два фронта

За да се избори со ИСИС, Иран на Асад му дал пари, а Русија оружје. Од друга страна, Западот вложил стотина милиони долари во тренинг на таканаречените “умерени бунтовници”, а преку сојузот со Курдите, Западот сакал да ја натера Исламската држава да се бори на два фронта.

Бидејќи тој план минува низ потешкотии, бидејќи Курдите кои се борат од источната страна, односно од страната на Ирак, немаат добар пристап до средствата и вооружувањето, ИД сè уште не е доволно развлечена. Поради тоа, рушењето на Асад сè уште не е приоритет за Западот, барем не на теренот.

5. Секој води своја политика

Како единствена членка на НАТО која се граничи со Сирија, Турција е круцијална за било каква воена интервенција на Западот во Сирија. Меѓутоа, претседателот Реџеп Тајип Ердоган засега покажува поголем интерес за бомбардирање на Курдите, отколку за уништување на ИСИС.basar-asad

Улогата на Турција го истакнува клучниот проблем во војната во Сирија – секој актер води своја политика. Турција сака да се бори со Курдите, Иран да ги уништи бунтовниците кои ги поддржуваат Саудијците, САД да ја уништи Исламската држава, а Русија да задржи стратешки важна територија под свое влијание.

Нивните цели се превртуваат до таму што има само еден победник – Башар Ал Асад. Иако сирискиот претседател со сите сили се бори против Исламската држава, можеби токму присуството на оваа терористичка организација е тоа што моментално го одржува на власт.

Точка.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1