Галерија: Водени топови и солзавец во Турција – први мај низ светот


Претседателот на Туција, Таип Ердоган превентивно го чува плоштадот Таксим со солзавец и водени топови употреби турската полиција за да ги спречи демонстрантите во нивниот обид да протестираат за 1-ви Мај.

_74569488_022097846-1

Иако уште пред неколку дена Ердоган објави дека првомајски протести на Таксим се забранети и на демонстрантите им порача да си најдат друга локација, сепак повеќе движења не се откажаа од намерата протестите да ги одржат токму на плоштадот кој беше центар на револтот против турската Влада минатата година.

_74569490_022098045-1

_74569492_022098366-1

Градските власти го чуваат Таксим под силно полициско обезбедување и поради најавите дека се можни терористички напади. Затворени се и дел од линиите од јавниот превоз кои водат до истанбулскиот плоштад, на кој традиционално се одржуваа синдикалните протести минатите години.

_74569494__68535283_68535277-1

_74572305_022099163-1

Во јапонскиот главен град Токио, за денот на трудот протестираа околу 27.000 луѓе  со барања за поголеми плати и решавање на проблемите со недостигот на работни места.

Во Москва, Меѓународниот ден на трудот, традиционално се одбележува на Црвениот плоштад, со поворка во која се очекува да се соберат околу два милиони луѓе.

Илјадници демонстранти излегоа на улиците и на индонезискиот главен град Џакарта. Меѓу нив и жени кои заработувале по еден долар на час за да изработуваат патики на познати светски брендови, а кога одлучиле да го дигнат својот глас, сите до една биле отпуштени.

 

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1