Гаши: Ќе покренеме иницијатива за недоверба на Владата


Денеска имаше иницијатива за собирање потписи за интереплација на Владата. Ние како опозициска партија и коалиција нормално дека се потпишавме на тоа.

Ова вечерва во изјава за Сител го истакна лидерот на Алтернатива, Африм Гаши по состанокот во Собранието од кој произлезе ново парламентарно мнозинство. Тој не сакаше да коментира дали новото парламентарно мнозинство значи и нова Влада или нови предвремени парламентарни избори. Не откри ниту кој сѐ е дел од парламентарното мнозинство.

-Ќе видиме. Ова е прв процес. Процесот се одвива заради интерпелација на Владата. Ако се изгласа недоверба тогаш почнуваат други рокови и тогаш почнува процесот за тоа кој ќе биде мандар, каква Влада ќе се состави. Тогаш ќе се сретнеме пак, но е битно да знаете дека Алтернатива дека нема да биде Влада која би се повлекла од евро-атланските процеси и интеграции. Мора нашата држава да остане членка на НАТО да ги зацврстиме нашите односи, а европските интеграции мораме да ги забрзаме што побргу можеме. Ако некоја партија која е дел од Владата условува со тоа ние нема да бидеме дел од таква Влада, рече Гаши.

Рече дека засега не се зборувало ниту за нова Влада, ниту за предвремени парламентарни избори.

-Сега за сега зборуваме за овој процес, за недоверба на Влада, вели Гаши.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1