Газда дава повисока плата на работниците ако си го истетовираат логото на фирмата (Видео)


Сопственикот на фирмата „Рапид“ во Њујорк Ентони Лола, им понуди покачување на своите работници, доколку си го истетовираат логото на компанијата.

nf_company_tattoo_0501

Лола на ваквиот необичен метод за работна иницијатива, се одлучил, откако видел како еден од работниците доброволно сакал да го истетовира логото на компанијата.

„Ме повика еден од моите вработени во салон за тетовирање и ме праша дали има нешто против да го истетовира логото на фирмата. Бев воодушевен и го прашав како да му се оддолжам?“, рекол Лоли, кој одлучил не само да го награди ваквиот работник, туку и да им понуди покачување на сите оние кои биле подготвени на ваков чекор.
Звучи неверојатно, но веќе 40-на вработени во фирмата сега им е покачена платата за 15%. Компанијата им го платила и тетовирањето. Засега Лола не го истетовирал логото на себе си.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1