Газдата на „Фиком“ се обесил во затворот во Штип – пред првиот слободен викенд


Управата за извршување санкции потврди дека Никола Николиќ познат по аферата „Фиком“ бил пронајден мртов утринава во штипскиот затвор.

Канал 5 објави дека Николиќ утринава околу 6 часот бил пронајден обесен во тоалетот од страна на други осуденици.

Од Управата за извршување на санкции излегоа со соопштение за овој случај, во кое стои:

zgrada divogradba

-Осуденото лице Никола Николиќ од Скопје, е на возраст од 42 години, осуден со повеќе пресуди на Основен суд Скопје 1 Скопје  за сторени кривични дела “Измама” по член 247 ст.4 од Кривичниот законик на Република Македонија на казна затвор во траење од 25 години и 2 месеци. Против осудениот Никола Николиќ се води и нова кривична постапка пред Основниот суд Скопје 1- Скопје. Казната затвор започнал да ја издржува на 05.09.2006 година, а истата му завршувала на 15.11.2031 година. За време на престојот во Казнено-поправниот дом Штип каде ја издржувал казната затвор, осуденото лице Никола Николиќ не покажувал знаци на психички заболувања, нема користено антидепресивна терапија и не боледувал од никакви хронични болести.

На 02.03.2015 година, околу 6 и 30 часот осуденото лице Никола Николиќ од страна на други осудени лица бил пронајден мртов во тоалетот во крилото каде што истиот престојувал. Одговорните  надзорници на смена веднаш се упатиле во просторијата, каде осуденото лице Никола Николиќ го затекнале со јаже (манила)  околу вратот. Веднаш била повикана Итната медицинска помош, при што од страна на лекарите била констатирана смрт. За настанот се известени надлежните органи, а на лице место присуствуваа судија на претходна постапка и јавен обвинител кои извршиле увид на лице место.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1