Организаторите на питачките групи во Сараево кои имаат и до 40 деца во нивните „тимови” дневно заработуваат повеќе од 2.000 евра. Сето ова се случува во ситуација каде што статистичките податоци покажуваат дека просечната месечна плата во Босна и Херцеговина изнесува 415 евра, објавува агенцијата Фена.
Водачите на организираните питачи во Сараево се невработени лица, кои немаат ниту еден ден работен стаж, а благодарение на добро развиена методологија за „бизнис” се сопственици на скапи станови на атрактивни локации и возат автомобили вредни повеќе од 25.000 евра.
Од тимот за спречување на питачењето, кое делува при Центарот за социјална работа укажуваат дека пречката за решавање на овој проблем е тоа дека децата питачи се од другите градови, а за нив не важи законодавството кое се однесува на кривичните дела за питачењето. Од тимот велат дека организаторите на питачењата се запознаени со тоа и поради тоа носат деца од Србија и други кантони.
Досега не е покренат судски спор против организаторите за овој вид криминал. За ангажираните просјаци од оддалечените градови е обезбедено сместување и храна во Сараево, тоа е единствено кое го добиваат како надокнада за просењето.
Нивната работа се следи, а на секои 20 минути им се одземаат парите кои ги заработуваат, изјавила Фена.
Денешен