Газдите не ја исплаќале минималната плата – а работниците не пријавувале


Газдите наоѓаат начин како да ги изиграат вработените. Некои се пријавени со скратено работно време иако работат полно, дел од платата добиваат на трансакциска сметка, а дел од парите ги враќаат во кеш, на рака кај газдата. Потпишувале дури и меници за фиктивен долг кон фирмата, а вработените молчат, плашејќи се за своето работно место.

Законското решение е добро, но изостанува неговата доследна примена, велат за МТВ од Комората на работодавачи. Според нив и компаниите треба да сфатат дека вложувањето во човечки ресурси ќе им се исплати на долг рок преку зголемени продуктивност и квалитет.

„Казната треба да биде опомена за почитување на законот, а не дел од вкалкулираниот трошок на компанијата” вели Миле Бошков, претседател на Комора на Работодавачи.

Инспекторите засилено контролирале, и велат работниците не пријавувале.

Минималната плата е утврдена на 39.6% од просечната плата со што износот за оваа година изнесува 8050 денари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1