Двајца вработени во Општината Центар пријавиле дека биле физички нападнати од страна на генералниот секретар на ЛДП Дуфе Куковски, дознава Пресс24 од полициски извори.
Според се уште неофицијалните информации Куковски со клоци и тупаници го нападнал 65-годишниот В.Д. заканувајки му се и упатувајќи му навредливи зборови на сметка на Андреј Жерновски.
Од МВР ја потврдуваат информацијата дека добиле ваква пријава. Инаку Дуфе е актуелен пратеник на ЛДП во македонското Собрание.