Генијален чадор (Видео/Фото)


nubrella0

По цена од само 50 долари луѓето можат да го добијат чадорот “Nubrella”, со кој може да се вози велосипед, да се телефонира или да се шета за време на вистинска бура

“Не станува збор за обичен чадор, туку за заштита која што овозможува луѓето да прават што сакаат, целосно заштитени од капките дожд”, вели креаторот на овој чадор, Алан Кауфман.

Идејата за креирање на совршен чадор Кауфман ја добил уште во 2002 година, во текот на исклучително дождлив и ветровит ден.

nubrella3 nubrella-ultimate-hands-free-umbrella-4

” Дојдов до сознание дека чадорот воопшто не штити од ветер, односно дека совршениот чадор би требало да има аеродинамичен облик. Покрај тоа, зарем не би било одлично да имате слободни раце и чадор над главата? Тука започна и измислувањето на патентот”, вели Кауфман.

Десет години потоа, “Nubrella” денес се продава во 66 земји по цена од 50 долари, а овој чадор може да се нарача и преку интернет.

Производителот на чадорот вели дека во внатрешноста на истиот не може да допре ниту една капка дожд, односно дека тој го спречува студениот ветар.

Чадорот е особено популарен помеѓу возачите на велосипед затоа што тој се прикачува на градите и не бара придржување, а поради силната конструкција, истиот може да се користи и како обичен чадор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1