Георгиевски: Немам сметка во Швајцарска банка


Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен во ВМРО-Народна Партија, Љубчо Георгиевски – вели дека ниту тој, ниту неговите блиски немаат сметки во Швајцарските банки, иако во јавоста сè погласни се шпекулациите дека неговото име е едно од оние кои поседуваат пари во Швајраските банки.ljubco_georgievski

Љубчо Георгиевски, ВМРО – НП:
„Сакам со големо задоволство да Ве разочарам и да Ви кажам дека ниту јас ниту некој од моето семејство нема сметка во Швајцарија со 54 милиони долари, ниту пак сме поврзани со останатите 9 лица кои имаат 15 сметки во Швајцарските банки колку што беше соопштено дека има. Но, исто така со големо нетрпение чекам да видам кои се имателите на сметките во Швајцарските банки, вели за Алсат-М, Љубчо Георгиевски, во телефонски разговор, но одби да зборува пред камерите.

Според, истражувањето на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство, во Швајцарските банки девет клиенти од Македонија имаат 15 сметки на кои има вкупно 164 милиони долари, а само еден од нив на сметката чува 54,6 милиони долари.

Неодамна, Швајцарија и Европската Унија постигнаа согласност да ги споделуваат информациите за банкарските сметки на нивните граѓани, со цел да се подобри борбата за даночно затајување. Алсат-М побара информации од швајрарската влада. Оттаму појаснуваат дека:

Од Јавното обвинителство во Македонија минатата недела за дел од медиумите посочија дека отвориле предмет по допрен глас, откако се појавија информации за можно постоење на сметки на македонски граѓани во банки во Швајцарија што биле користени за даночно затајување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1