Германија одобри користење на руската вакцина Спутник В. Првите 2,5 милиони дози ќе бидат наменети за жителите на покраината Баварија.
Оваа одлука ќе стапи на сила откако вакцината ќе биде одобрена од Европската агенција за лекови. Властите во Баварија очекуваат вакцината да се произведува и во баварскиот град Илертисен, а процесот може да започне уште оваа година.
ЕМА во моментов ја разгледува вакцината Спутник В за овластување. Експертите од ЕМА се очекува да отпатуваат во Русија овој месец за да го истражат процесот на производство и складирање на вакцината.