Убиството и самоубиството биле извршени во лекарска ординација во градот Марбург.
Поголема група граѓани пријавиле дека попладнево се слушнало пукање во зграда кај главната железничка станица.
Според обвинителот Оливер Руст, помлад лекар со повеќе истрели убил свој постар колега, а потоа се самоубил.
Оружјето било пронајдено покрај нивните тела.
По пријавата на инцидентот и пронаоѓањето на телата полицијата ја блокираше областа околу железничката станица, а обвинителството подоцна соопшти дека ситуацијата не е алармантна – пренесуваат германските медиуми.