Германски милионер, славниот играч на покер пронајден мртов во Љубљана


Телото на германскиот покераш и милионер Јоханес Штрасман (29) е пронајдено во реката Љубљаница во Словенија и на него не се пронајдени траги на насилство. Причините за смртта се испитуваат, јави словенечката телевизија.

johanes-strasman-1404035548-525395Германецот последен пат е виден на 21 јуни, а три дена подоцна полицијата е известена за неговото исчезнување. Во потрагата по него учествувале голем број полицајци и кучиња трагачи, а на терен биле и хеликоптери.

Телото од реката е извадено во петокот, а по извршената ДНК анализа е потврдено дека се работи за Страсман.

Тој беше еден од најдобрите европски покераши.

Овој 29-годишен милионер во Љубљана дојде да се сретне со уште некои играчи на покер кои ги подучувал.

poker igrac najden mrtov

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1