Германскиот овчар Оден ја одбранил куќата од крадец, а неговиот сопственик Тристан Марин од Вирџинија, ги објавил вознемирувачките снимки кои се направени непосредно по нападот.
Ѕидовите и вратата на куќата биле прекриени со крв бидејќи Оден го нападнал и изгризал крадецот.
– Кој и да се обидел да влезе во мојата куќа ова го заслужил. Не се зае*авајте со мене и моето куче. Еве што се случило. Германскиот овчар е најдоброто куче кое можете да го имате – напишал Тристан под видео снимката која ја објавил на Фејсбук.
Кучето го нападнало крадецот додека се обидувал да избега.
Знаците на грабеж однадвор не биле видливи, но кога Тристан и семејството влегле во куќата се шокирале од хорор сцената.
– Мојот најдобар пријател Оден, кој е германски овчар, го заштитил мојот дом и моите работи додека јас не бев дома. Моментално сум многу горд на него – заклучил Тристан.