Германски политичар силувал и убил маж, а потоа се самоубил


Контроверзниот берлински политичар, пратеник во покраинскиот парламент на германската престолнина, Гервалд Клаус-Брунер, се убил во својот стан, откако силувал и убил маж, објави магазинот Bild повикувајќи се на правосудни извори.

Според весникот, безживотните тела на двајцата мажи биле пронајдени во понеделникот, ден по неделните избори за Сенатот на коишто Пиратите доживеаја голем неуспех освојувајќи само 1,7 отсто од гласовите, со што не го минаа изборниот праг за добивање мандати.germanski-politicar-ubien

Засега берлинската полиција не објавува детали од инцидентот.

Четириесет и четиригодишниот Клаус-Брунер се истакнуваше меѓу своите сопартијци со огромниот раст и по навиката да носи шамија на главата.

Од партијата, по неговата смрт којашто правосудните органи прелиминарно ја квалификувале како самоубиство, соопштија дека тој бил болен од неизлечива болест, од која страдале повеќе органи и оти му преостанувале најмногу две години живот. Меѓутоа, и оваа информација се смета за контроверзна или измислена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1