Движењето на европските патриоти против илсамизација на Западот (ПЕГИДА) одржа протест во германскиот град Дрезден на кој се собраа околу 6.000 демонстранти, јавува агенцијата Анадолија.
Подржувачите на ова движење веќе неколку месеци секој Понеделник се собираат како би ја изразиле својата нетолерантност спрема муслиманите и доселениците во Европа. Демонстрантите носеле германски и саксонски знамиња и го извикуваа слоганот „Ние сме народ“.
На собраните луѓе им се обратил основачот на движењето Луц Бахман кој најавил дека овој март ќе се случи „Европска порлет“.
Истовремено, биле одржани се паралелни протести на поддржувачите и противниците на ПЕГИДА во Франкфурт.
Група од околу 80 поддржувачи на ПЕГИДА се собрала на еден од плоштадите, што е петти по ред ваков собир во овој град. Демонстрантите покрај германските носеле и знамиња на Велика Британија и Израел.
Од друга страна, група од околу 550 противници на антиисламското движење се собра во непосредна близина на првиот собир. Насобраните луѓе носеле транспаренти „Не ПЕГИДА“ и „Исламот и припаѓа на Германија“.
Освен дофрлање меѓу двете групи демонтранти, инциденти немало бидејќи полицијата ги обезбедувала протестите.
Netpress