Дечки, ај да појасниме на време. Катица е осомничена за кривично дело Злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 вв став 1 од КЗ на РМ. Ова го напиша новинарот Бранко Героски вечерва на Фејсбук.
- Станува збор за прибавување “имотна корист во значителен износ” од 1,5 милиони евра. За ова дело запретена е затворска казна од најмалку 3 години. Од прибавената имотна корист за себе зела мебел што и го набавил еден од осомничените, напиша тој.