Ѓевгеличанец жива ја запалил сопругата додека готвела ручек – доби 10 години затвор


Основниот суд од Велес го осуди 50-годишниот Драган Стошиќ од гевгелиското село Миравци на 10 години затвор оти жива ја запалил сопругата Жаклина Стошиќ.

oganНастанот се случил на 19 јануари годинава, околу 14 часот на верскиот празник Водици. По расправија помеѓу брачните другари, а додека Жаклина подготвувала ручек, Драган отишол и земал шише со бензин. Ја полеал својата сопруга и со запалка ја запалил.

Жаклина целата во оган истрчала веднаш на улица и побарала помош, а случајни минувачи ја гаснеле со вода. Веднаш била пренесена во болницата во Гевгелија, но поради тешките повреди била итно префрлена на скопските клиники. Жаклина останала жива, но, на поголем дел од телото има изгореници, а лицето и е нагрдено.

Драган во завршниот збор изрази жалење за стореното. И се извини на сопругата и на четирите деца. Рече дека бил пијан кога го сторил делото. Жаклина на судењето не побара материјален надомест за претрпената болка и повреди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1