Гевгелија под вода


Булеварот „Гевгелија“ во истоимената општина се наоѓа во вода поради поројните дождови кои ја зафатија цела Македонија. Целата должина на булеварот, од влезот во градот, па се до зградите кај населбата „Караорман“ е поплавен, коловозот е непреоден, а возилата се обидуваат да ја совладаат водената маса. Состојбата ја влошува излеаниот одводен канал Рауљ, кој е болна точка за гевгеличани во овие периоди со години наназад.

poplava gevgelijaПосле секој дожд овој дел од градот и одводниот канал Рауљ претставуваат тесно грло за проток на целата насобрана дождовница која природно, преку каналот се слева во реката Вардар, пишува порталот „GevgelijaNet“.

Само пред неколку недели надлежните од Општина Гевгелија информираа дека е завршена изградбата и уредувањето од првата фаза на одводниот канал. Во втората и третата фаза е предвидено уредување на каналот до неговото влевање во реката Вардар. Со тоа, рекоа од Општината, ќе се обезбеди целосна заштита на овој дел од Гевгелија од поројните води и атмосферските води кои се слеваат во овој канал.

Но граѓаните кои живеат на булевар „Гевгелија“, во близина на хотел „Пелагонија“, сведочат дека состојбата не е битно променета, и покрај сите зафати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1