Во исчезнатиот малезиски авион се возеа 227 патници и 12 членови на екипажот – 239 луѓе со уникатni животни приказни. „Асошиејтед прес“ објави кои се тие.
Најмладиот патник на летот MH370 има само две години. Мохенг, заедно со родителите Рори Ванг и Вивије се враќал во Пекинг од одморот во Малезија. Со нив во авионот биле и баба му и дедо му. Уште четири патници од авионот имаат помалку од пет години, а насјстариот патник 76.
Патувајќи накај сопругот
Професорката по хемија Кранти Ширсат беше на пат за Северна Кореја. Таму требаше да го посети својот сопруг Прахлад кому му привршува тригодишниот договор со една непрофитна организација. Таа требаше да му помогне во преселбата во Индија, каде што планираа да живеат заедно со нивните два сина.
Прахлад за невладината организација работи 17 години, па затоа тие живееле во многу земји, вклучувајќи ги Авганистан и Таџикистан. Кога тој доби работа во Северна Кореја, тие одлучија дека овојпат сао тој ќе замине таму.
Наградуваниот уметник
Наградуваниот кинески калиграф Менг Гаошенг ја предводеше делегацијата на дваесетина уметници на тридневна изложба во Малезија. Неговите дела се изложени во главните туристички локации во Пекинг.
Уметникот Ксу Липу, кој беше во делегацијата, но се врати дома со друг авион, рече дека Менг секогаш ги охрабрувал другите уметници со пофали за нивната работа.
Директор во ИБМ
Семејството на Филип Вуд последен пат го виде во Тексас пред да замине за Кина. Ова требаше да биде последниот работен лет за извршниот директор на Интернационалната корпорација за деловни машини ( ИБМ) во Кина. Тој неодамна го положи испитот за нуркање во длабочина, хоби со кое со задоволство го практикувал.
Нова работа во Монголија
Пол Викс, 39 -годишниот инженер патуваше кон Монголија каде доби нова работа. Планираше колку што е можно почесто да се враќа во посета на неговата сопруга и децата во Австралија. Пред да се качи во авионот, ѝ ги оставил на сопругата неговата бурма и часовник. Порачал да им ги даде на нивните синови (3 и 11) во случај нешто да му се случи.
Со семејството до неодамна живеел во Нов Зеланд, но по катастрофалниот земјотрес во Крајстчерч се преселиле во Австралија.
Татко на едногодишно девојче
Мохамед Каирул Амри Селамат патуваше во Пекинг работно. Авијацискиот инженер има своја џет-чартер компанија и е татко на едногодишно девојче. Неодамна се пресели во предградие на Куала Лумпур.
Ќерка, сопруга, мајка
Шандрика Шарма секогаш ѝ се јавува на својата двапати пред да патува. Првиот пат пред да излезе од дома, за да ја праша дали сака да ѝ донесе нешто, а вториот кога ќе пристигне на аеродромот.
– И овојпат ми се јави пред да се качи во авионот – изјави нејзината мајка Шакунтала Шарма.
Шандрика работи за невладина организација, беше директор на Mеѓународната заедница за поддршка на рибарите. Овојпат патуваше за Монголија на конференција. Таа е мажена и има ќерка, студент кој на колеџ во индискиот главен град Њу Делхи. И нејзиното семејство нервозно чека на поконкретен одговор – што се случи со авионот?
Погледнете го видеото и фотографиите на следниот линк: http://edition.cnn.com/2014/03/15/world/asia/malaysia-airlines-passenger-vignettes/index.html?hpt=hp_c1