Ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот? Прочитајте зошто е тоа погрешно


Температурата во фрижидерот би требало да биде помеѓу 0 и 4 степени за да се спречи развој на бактериите.

На горните полици чувајте ги остатоците од ручекот, пијалаците, свежите зачини и намирниците кои се веднаш подготвени за јадење, бидејќи тука температурата е најстабилна.jajca-1-53539

Вратата е најтопол дел од фрижидерот, па затоа тука чувајте ги производите со природен конзерванс.

Мајонезот и сокот од портокал може да ги чувате на вратите, но млечните производи и јајцата не е препорачливо да се чуваат тука, бидејќи побрзо се расипуваат. Да не спомнуваме дека постои ризик да добиете салмонела. Нив најдобро е да ги чувате на долните полици, бидејќи тоа е најладен дел.

Тука може да ги чувате и сировото месо и морските плодови. Овошјето и зеленчукот ставете ги во одделни садови или во фиоките наменети за тоа во фрижидерот.

Јајцата лесно впиваат мириси од другите намирници, па ако имате ставено нешто со силен мирис, јајцата ставете ги подалеку од него.

Во фрижидерот е потребно да оставите доволно простор за низ него да минува студениот воздух.

Праските, сливите и крушите не би требало да ги чувате во близина на зеленчукот. Овие овошки испуштаат гасови кои го забрзуваат расипувањето на зеленчукот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1