Вујадин Обрадовиќ (58) во ноќта меѓу петокот и саботата ја уби својата прва сосетка Сања Бакиќ (50) и тешко го рани нејзиниот сопруг Бранислав (53) во Лугарската улица во Земун поље. Злосторството се случило во текот на прославата на семејната слава Воведување на Пресвета Богородица зошто на Обрадовиќ му пречела гласната музика.
Синот на убиената жена Зоран Бакиќ објаснува што му претходело на крвавото злостроство.
-Соседот нешто пред 2.30 часот утрото им се јави на телефон на моите родители и им рече да излезат пред куќата. Татко ми и мајка ми излегоа, а соседот им рече дека му пречела гласната музика – вели Бакиќ и додава дека во тој момент на прославата имало 15-тина луѓе, меѓу кои и три мали деца кои спиеле на вотриот кат.
Бакиќ објаснува дека прво излегол неговиот брат.
-Влета дома и кажа што направил соседот. Истрчавме веднаш надвор, убеден дека станува збор за тепачка, вели соговорникот кој во тој момент не знаел дека Обрадовиќ веќе пукал во неговиот татко.
Не биле во судир
-Стоев пред Вујадин и го прашав што се случи. Без збор го крена пиштолот и го впери кон мене. Ја слушнав мајка ми која го праша: „Што ќе правиш со тој пиштол?“ Јас се тргнав, а тој пукна два пати. Тогаш падна мојата мајка, вели низ солзи очајниот Зоран Бакиќ за српски Курир.
Тој тогаш скокнал врз Обрадовиќ во обид да му го земе пиштолот.
-Го фатив за рака и го удирав, но тој не го пушташе оружјето. Се грабавме, не знам колку траеше тоа, а тогаш гостите не раздвоија. Верувајте ми, од шок дури и не се сеќавам што се случи. Тогаш сфатив дека татко ми е ранет, седнавме во кола и отидоме во Ургентен центар, раскажува Бакиќ.
Таму набрзо се појавил и Вујадин Обрадовиќ во придружба на полицијата.
-Само повторуваше:„Незнам што направив, ништо не се сеќавам!“ Подоцна дознав дека на полицајците им рекол дека ја убил мајка ми поради гласната музика која му пречела, вели Зоран Бакиќ.
Тој истакнува дека со Обрадовиќ немале никогаш проблеми.
-Тој беше мирен и повлечен, не се женеше, ниту имаше деца и живееше со својот татко. Никој не знаеше дека има пиштол. Со години убаво живеевме, дури му дозволивме куќата да ја потпре врз нашата. Да сме се скарале некогаш, ќе разберев. Секоја година славиме слава и музиката до сега не му сметаше, очигледно нешто друго го изнервирало, вели соговорникот.
Таткото е опериран
Бакиќ стравува дека неговиот татко нема да преживее.
-Татко ми е опериран, во тешка состојба е. Куршумот му го повредил желудникот, црниот дроб и белодробната марамица. Лекарите ми рекоа дека го очекува уште една интервенција – вели низ солзи несреќниот човек и додава дека неговата мајка ќе биде погребана кога ќе заврши обдукцијата.
Во куќата во која се случи трагедијата живееле Сања, Бранислав и неговите родители. Синовите Бојан и Зоран и своите семејства живеат во Алтина и Стара Пазова.
-Дојдовме да прославиме слава со родителите, а погледнете како заврши. Тешко ни е, не сум можел да претпоставам дека ваква трагедија ќе ни се случи, наведува потресениот Зоран.
Таткото на убиецот во моментот на убиството спиел во својата куќа и го разбудиле истрелите.
-Спиев во собра и го слушнав пукањето. Не знам зошто мојот син пукаше на соседите. Па ние живеевме како една куќа. Сигурен сум дека поради нешто се скарале – вели Обрадовиќ.