Ги кршевме прозорците од страв да не експлодира автобусот


Ги кршевме прозорците за да побегнеме побрзо, бидејќи во целата паника стравувавме да не експлодира автобусот. Беше страшно и среќа е што нема жртви. Ова е сведочењето што го прнесува Дневник, на еден од патниците во автобусот на ЈСП со број „67“, кој се преврти вчера во скопската населба Драчево, по што беа повредени безмалку сите 50 патници.

– Се слушна силно кочење, сопирачките чкрипеа, а се слушаше звук на лим како гребе по асфалтот. Одеднаш се слушна и силен тресок – вели жена од населбата Драчево, која ја видела страшната сообраќајка што се случи вчераутро.

165E367D67C2214B94D66EA481DC710CТаа веднаш излегла за да помогне.

– Дотрчав до автобусот за да видам дали има повредени, а дојдоа и други соседи. Беше многу страшно. Луѓето беа со раскрвавени глави, потресени, некои плачеа, викаа. Седиштата во автобусот беа искршени – вели таа.

Жената била една од првите што дошле на местото каде што се превртел автобусот со број 67 на ЈСП.

– Патниците излегуваа низ отворот од искршената предна шофершајбна. Повеќето имаа исеченици на главите, други скршеници и модринки. И возачот беше таму. И тој имаше исеченица на челото, немаше други повреди. Еден човек имаше повреда на главата, па откако го извадивме остана да лежи – вели жената.

Нејзиниот син, кој одел на работа, веднаш повикал брза помош, а за релативно кусо време стигнале четири возила на Итна помош.

–  Среќа што немаше луѓе во паркот оти автобусот ќе ги покосеше, но се плашев дека кога ќе го кренат автобусот под него ќе има некој згмечен – вели жената.663997809B4F6C4EAEFE4A6B3A9B044D

Страв постоел и кај патниците, кои ги кршеле и другите прозорци за побрзо да го напуштат возилото исплашени да не се запали горивото и автобусот да не експлодира. Автобусот откако излетал од улицата удрил во дрво и го скршил, а потоа откорнал и клупа по што се превртел во средината на паркот помеѓу две улици. Расфрлани предмети сопственост на патниците, како и облека и шишиња со вода на клупите сведочат за тоа што се случувало утрото во Драчево.
– Луѓето велеа дека автобусот не застанал на станицата, но дека некој од патниците, кој требало да се симне, негодувал, па возачот одлучил да застане подолу. Бидејќи наеднаш го сопрел автобусот возилото се превртело и излетало од улицата – велат очевидци.avtobus-dracevooo-500

Според нив, автобусот бил преполн со патници, главно возрасни луѓе, кои од Зелениково оделе кон центарот на Скопје. Улицата била влажна од дождот, кој цела ноќ паѓал, но кога се случила сообраќајката, росело. На улицата немало други возила, кои евентуално учествувале во незгодата.

Дел од патниците рекле дека со автобусот нешто не било во ред и оти е можно да пукнала една од осовините, па поради тоа се случила незгодата.

Во автобуската несреќа беа повредени 49 патници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1