Ги однела децата во училиште и исчезнала – се појавила по 11 години (Видео/Фото)


Жената која исчезна пред 11 години откако ги одвезе децата во школо е пронајдена жива и здрава, иако семејството 11 години мислело дека е мртва, таа и била прогласена за мртва во 2009.

isceznata zenaПолицијата од Литиц, Пенсилванија, обајви дека Бренда Хеист (53) беше пронајдена на улиците од Флорида каде живее како бездомничка. Таа на полицијата им кажала дека живеела во шаторски кампови и под мостови на југот од Флорида од 2002 година. Пред да исчезне била во постапка за развод со сопругот, а зад себе ги остави ќерката и синот кои тогаш имаа 8 и 12 години.

Нејзиниот сопруг Ли Хеист беше осомничен за нејзиното исчезнување. Сега вели дека е лут и дека со ова ги повредила и нивните деца, а нему му приредила пекол, бидејќи сите мислеле дека е тој виновен за нејзиното исчезнување.

„Емоциите беа измешани. Најтажно ми беше да гледам како некои деца не сакаа да си играат со моите, бидејќи нивните родители мислеа дека јас сум виновен за нејзиното исчезнување. Мислам дека нема поента да стапам во контакт со неа после толку време, но ако се излекува и ако посака да ги види децата, и тие неа, ќе им го овозможам тоа“, објасни Хеист.

odvezla-djecu-skolu-nestala-pojavila-se-nakon-11-godina-slika-985069Бренда откако ги одвезла децата на училиште седнала во паркот и размислувала за тоа како нема да може да ги издржува своите деца. Аплицирала претходно за социјална помош, но барањето и било одбиено. Две непознати лица тогаш и пришле и ја повикале да појде со нив во Флорида, да живеат како бездомници – таа им се придружила.

Бренда уште се нема видено со семејството, но изјави дека знае одлуката останува на нејзините деца кои денес се возразни личности. Ќерката заврши средно училиште, а синот е апсолвент. Нејзиниот сопруг се преженил во 2009 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1