Ги однела сопругот и пријателот на ДНК тест во Скопје – детето испаднало на пријателот


Кој е вистинскиот татко на детето? За да ја разреши оваа дилема мајката одлучила  да се направи ДНК анализа. На Институтот за судска медицина дошла со двајца мажи, јавува Сител.

На крај се испоставило дека детето е од пријателот, а не од сопругот. Ова е само еден од случаите за утврдување на фамилијарно сродство во Македонија.

fd5tt4Форензичарите успеале да откријат и инцест во 8-мата недела од бременоста. Девојката ја силувал чичкото. Неможат да го заборават ниту случајот кога кај нив дошле брат и сестра бидејќи жената се сомневала дека е посвоена. На крајот се потврди дека се вистински брат и сестра.

Годишно во земјава се прават над 100 вакви анализи. Најчесто за утврдување на татковство. Освен на Судска медицина испитувања се прават и во истражувачкиот центар во МАНУ.

Резултатите се добиваат за ден,два. Во најголем процент било потврдено татковството, но имало и случаи кога се докажало спротивното, па мажот бил шокиран и лут.

За испитувања на татковство на Институтот за судска медицина задолжително е присуство и на мајката и на детето. Токму поради ова и покрај интересот многу татковци се откажале од намерата да дознаат дали се родители на детето.

Но, можеби причина се и парите бидејки ДНК анализата чини околу 500 евра

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1