Претседателот на американската компанија Turing Pharmaceuticals ја шокираше јавноста, кога ја зголеми цената на лекот Daraprim за 5000 отсто, откако оваа американска фармацевтска компанија ги откупи правата на лекот кој се користи за болести на имунитетот, како на пример АИДС, пренесува регионалниот портал SEEbiz.
Daraprim е на пазарот од 1953 година, односно 62 години, а се користи при лечење на токсоплазмоза, болест предизвикана од паразит што ги напаѓа лицата со ослабен имунитет, како заболените од ХИВ, од рак или трудниците. Се користи во лекување на маларија.
Цената на пакувањето до неодамна беше 13,5 долари, а по одлуката на Turing Pharmaceuticals ќе изнесува 750 долари. Директорот на компанијата Мартин Шкрели објасни дека компанијата парите од продажбата ќе ги искористи за нови истражувања, кои одамна се занемарени. Наводно ќе вложи и во маркетинг и едукација за да се подигне свеста за разните болести.
Појасни дека производството на една таблетка Daraprim чини еден долар, но во тоа, според неговите зборови, не се вклучени разни трошоци за производство, маркетинг, дистрибуција, кои, како што истакна, последните години значително се покачиле.
„Мораме да имаме и некаква заработка од овој лек“, истакнал Шкрели за телевизијата Блумберг. „Модерните лекови денеска чинат и до 100.000 долари, а често и околу половина милион долари. Daraprim-от, во однос со нив, е многу потценет“, рекол Шкрели.
Светската јавност, особено на социјалните мрежи, бурно реагираше на овој несекојденевен деловен потег, но тоа не ми пречее на Твитер да ги исмее неколку корисници кои го поставиле прашањето за оправданоста на одлуката. Тој еден од новинарите дури го нарекол и „глупак и лош новинар кој не ги проверува
Реагираше и Американското здружение за инфективни болести, Здружението на заболени од ХИВ и уште некои други напишале отворено писмо до Turing, повикувајќи ја управата да ја разгледа својата одлука.
„Нова цена на лекот е целосно неоправдана кога станува збор за пациентите на кои лекот им е неопходно потребен, а спаѓаат во социјално загрозената група. Истовремено е неодржлива и за здравствениот систем“, се вели во отвореното писмо.
Лидер.мк